Вицепремиерот Битиќи напушти прес-конференција поради спорно новинарско прашање

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја напушти заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, за време на новинарските прашања, откако претседателот на владата беше прашан од новинар на ТВ Алфа – „дали во случај на неуспешни претседателски избори, поради високиот цензус, е подготвен да прифати претседател на државата да биде од ДУИ“, со што, како што кажа новинарот, целата држава би била во рацете на ДУИ.

„Јас не треба да стојам на вакво прашање“, рече Битиќи кој стоеше зад премиерот и замина од прес-конференцијата.

„Прашањето беше апсолутно некоректно“, одговори Ковачевски, додавајќи дека има појава на еден популизам, кој во својата основа има етнонационализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам, рече Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*