Во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се обрати на Академијата за дијалог за млади жени организирана од Мисиите на ОБСЕ во Косово и во Србија што се одржува во Струга.
Во Струга, 12 млади жени од Косово заедно со 12 млади жени од Србија, под покровителство на ОБСЕ, учествуваат на десетдневната Академија за дијалог што претставува уникатен модел на ОБСЕ за градење на доверба што резултираше со поврзување не само на младите жени од двете земји, туку и на мажи.
Во рамки на Академијата, Османи на сесијата Дијалог и медијација имаше и дискусија со учесничките. Во своето обраќање, Османи се осврна на искуството на Северна Македонија во решавањето на конфликтите преку дијалог и медијација, како и капацитетите и алатките што ОБСЕ може да ги понуди како уникатна платформа за дијалог.
Тој пред учесничките го сподели и искуството на Северна Македонија во медијацијата на случајот што директно ги засега учесничките, а тоа е Охридскиот договор од 2023 година за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.