Вицепремиерката Грковска: Го разбираме ставот на Блупринт групата

Иако жали што се повлекоа, вицепремиерката Грковски ги разбира невладините од Блупринт групата кои ги напуштија работните групи за новиот Kривчниот законик и Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка.

Грковска која претседава со работната група за законот за конфискација на имот во граѓанска постапка вели дека иницрала граѓанскиот сектор да бидат вклучен во процесот во првиот момент кога се формализирала работната група и сите анализи и докумнети им биле доставени.

Најголем дел од сугестиите и забелешки што ги дале од булупринт групата пред да си заминат, биле вградени во законското решение. Во однос на измените на КЗ, Грковска вели тоа е друг процес кој не е поврзан со законот за кој е таа одговорна.

“И вие знаете дека јас и за тоа законско решение изразив резерва и се уште стојам на тоа. Затоа и кажав дека ги разбирам, ја разбирам нивната реакција меѓутоа се надевам дека тоа нема да има влијание на соработката со Кабинетот, заради тоа што забелешките коишто одат во прилог на подобрување на текстот Законот за конфискација во граѓанска постапка најголемиот дел се вградени во драфтот којшто го испративме до ЕК, и ние со сите политики и со сите активности до сега што сме ги преземале како кабинет сме докажале дека никогаш не сме го третирале граѓанскиот сектор како декор, напротив, секогаш сме инсистирале на соработка и нивната контрабуција ни била секогаш важна”, рече Грковска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*