Ковачевски: Нема опасност од уставна криза околу изборите

Нема опасност од уставна криза, смета премиерот Димитар Ковачевски, по оценката на опозицискиот лидер Мицкоски дека ако догодина нема двојни избори ќе биде неизвесен цензусот за избор на претседател што повлекува повторување на процедурите.

Ковачевски вели Собранието ги има сите ингеренции за распишување на изборите и повтори дека е против договарање на датуми на лидерска средба која според него би го дерогирала правниот систем на државата.

“До уставна криза се доаѓа ако не се почитуваат уставни и законски рокови. Ние во моментов имаме процес пред нас, прво се претседателските а потоа парламентарните избори, и доколку се држиме до роковите пропишани од Собранието, согласно закон и Устав, тогаш нема опасност да се дојде до било каква криза”, изјави Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати деновиве повика на лидерска за на маса да се стават парламентарните и претседателските избори, датум на одржување, техничка влада, мониторинг и изборен законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*