Со измените на Законот за игри на среќа ќе се затворат домашните обложувалници и автомат клубови, реагираат Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа и Асоцијацијата на спортски обложувалници.
Ако се затворат легалните, ќе се отворат нелегални коцкарници по подруми врз кои државата ќе нема контрола. 10 илјади вработени ќе останат без работа, а државата без приходи од над 200 милиони евра годишно, реагираат тие.