Владеењето на правото: Клуч за раст и евроинтеграции

Владеењето во функција на граѓаните не е можно без доследна поделба на власта, ефикасната борба со корупцијата и заштитата на човековите права, пораки од дебатата во собраниската комисија за европски прашања, во рамки на националната стратегија за развој.

Владеењето на правото значи спроведување на законите, што е услов и за повисок економски раст, оценија експертите. Владеењето на правото е клучен дел од евроинтеграциите, посочи вицепремиерот за европски прашања.

Маричиќ додаде дека работите што треба да се преземат ќе влезат во патоказот за владеење на правото. Владеењето во функција на граѓаните е само фиктивно, а решенијата се предизборен маркетинг, став на опозицијата. За добро владеење мора да се врати довербата во судството, да има ефикасна борба со корупцијата и реформа на јавната администрација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*