На состанокот во Гранада, кој заврши во петокот, лидерите на ЕУ рекоа дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.
„Тоа е двигател за подобрување на економските и социјалните услови на европските граѓани, за намалување на разликите меѓу земјите и мора да ги поттикне вредностите на кои е основана Унијата“, се додава во Декларацијата.
Сепак, 2030 година како година за ново проширување не е наведена никаде во документот. Самитот уште еднаш ги покажа различните визии на лидерите на ЕУ за начинот на проширување. Францускиот претседател Макрон вели дека сака проширувањето да се случи побрзо, но засега, членките на ЕУ не донеле одлука.
Од друга страна, холандскиот премиер Руте смета дека не треба да се брза. Коментирајќи го прашањето за 2030 година, тој посочува дека не се согласува со одредување датуми и рокови, односно прашањето треба да биде дали кандидатите се подготвени за влез во ЕУ.
Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, исто така, смета дека проширувањето треба да биде процес базиран исклучиво на заслуги.