Проширувањето на ЕУ една од темите на состанокот на шефовите на дипломатиите од регионот и европските претставници во рамки на Берлинскиот процес во Тирана.
Министерот за надворешни Османи укажал дека Берлинскиот процес не е замена за членство во Унијата и охрабрува фактот што и во Брисел проширувањето станува приоритет.
„Охрабрувачки е што внатрешната дебата на ЕУ за ова прашање и начините како да се олесни тоа добива на темпо и квалитет. Во тој контекст, најавата за новиот план за раст за Западен Балкан, треба да биде насочен кон зголемена конвергенција со ЕУ, преку овозможување пристап до клучните двигатели на растот, како што се единствениот пазар и финансиската помош“, изјави шефот на дипломатијата, Османи.
Регионот мора да ги засили напорите за реализација на внатрешните реформи, зајакнување на регионалната соработка и дополнително зајакнување на добрососедството, порака од состанокот во Тирана.
Еврокомесарот за проширување Вархеји изјави дека земјите од Западниот Балкан сигурно ќе станат членки на Унијата.
„Главната порака е јасен сигнал дека членството доаѓа за Западниот Балкан. Планот за раст на регионот треба да ја забрза интеграцијата веднаш од 1-ви јануари следната година, за да имаме нови земји-членки кога ќе бидат подготвени, а ние сме веќе подготвени“, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
На состанокот на Берлинскиот процес во Тирана разгледани придобивките од потпишувањето на трите договори за мобилност, на минатогодишните состаноци во Берлин, што се од големо значење за нашите граѓани.