Европската Унија мора да е приспособи и да ги пречека земјите кои веќе долго време се во предворјето – ова е пораката која шпанскиот премиер Педро Санчез ја упати пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница.
Санчез, чија земја претседава со Унијата потврди дека на дводневниот самит во Гренада ќе се отвори и дебатата за реформи на Европска Унија, со цел да се овозоможи проширување од 27 на 35 земји – членки.
Според него, Шпанија е отворена и поддржува проширување, иако како што кажа, таа можност носи нови предизвици.
“Ќе ја отвориме во Гранада таа голема дебата што мора да не доведе до длабока реформа на Европската унија, така што во наредните години може да се прошириме, да можеме да преминеме од Европска Унија од 27 во Европска Унија од 35 земји. Ова ќе бара многу предизвици од внатрешна гледна точка за да продолжиме да бидеме ефективни и исто така логично да може да се приспособиме и да ги пречекаме оние земји кои веќе долго време тропаат на вратата во ова што е овој заеднички проект на Европската Унија. Ние сме земја која е секогаш отворена за проширување”, изјави Педро Санчез – Премиер на Шпанија.