“Претседаваме со ОБСЕ во најтешката година, како што сите сме свесни за тоа и нашето претседателство прави се што може за Организацијата да продолжи да биде најважната организација за безбедност во Европа”, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија.
Свесни сме, посочи Ковачевски, дека постојат предизвици, особено и внатре во организацијата, како и во врска со Русија и Белорусија и, нагласи дека, се во во постојана комуникација се со цел да ги придвижиме процесите кон мирна Европа.
Министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ Бујар Османи вчера изјави дека на самитот на ОБСЕ на 30 ноември/1 декември најверојатно ќе се донесе одлука каква ќе биде иднината на организацијата имајќи го предвид ветото на Русија. Османи вели дека едно од решенијата е Северна Македонија да продолжи уште една година со претседавањето, но дека за тоа ние сега треба да донесеме одлука дали ќе прифатиме.