Мицкоски бара средба со Ковачевски за договор за парламентарни и претседателски избори

Опозицискиот лидер Мицкоски со повик до премиерот Ковачевски- бара лидерска средба за на маса да се стават парламентарните и претседателските избори, датум на одржување, техничка влада, мониторинг и изборен законик.

Според Мицкоски овие прашања треба веќе да се отворени бидејќи до редовните термини за изборите има шест месеци, со критика за Ковачевски дека во изминатите три децении за првпат не се случуваат вакви средби со опозицијата.

“Тој нека одлучи еве јас јавно уште еднашка велам, треба да седнеме и да разговараме за рокови и за дати за да можеме да организираме два процеса кои се многу важни за Македонија, претседателските и парламентарните избори и да ги согледаме сите можни предизвици кои се поврзани со овие процеси. Стојам на располагање на оваа тема кога сака тој да седнам и да разговарам, за се останато можеби не е добар соговорник Ковачевски бидејќи после поразот на парламентарните избори не е сигурна неговата иднина во рамките на партијата СДСМ”, изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

По најавите дека следната година нова влада и претседател ќе се бираат во различни термини, а со тоа се става и под знак прашалник цензусот за избор на шеф на државата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека неопходно е изборите да се двојни. Во услови на криза, тоа е државнички чекор, вели Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*