Фатиме Фетаи: Потребен генерален избор на судии и обвинители за ремонт на правосудството

Сите досегашни опции со кои што го крпевме системот се искористени. Време е за ремонт. Потребен е генерален избор на сите судии и обвинители во втор и трет степен, предлага обвинителката од Вишото јавно обвинителство Скопје, Фатиме Фетаи, според која потребни се смели решенија за правосудството да излезе од маѓепсаниот круг.

Зошто само во повисоките обвинителства и судови? Според Фетаи таму е вистинското правораздавање. Се укинуваат, потврдуваат или менуваат одлуки. На овие позиции треба да застанат стручни кадри со докажан интегритет и резулатати.

Таа предлага на сите кандидати за повисоки позиции да им се провери имонтата сосотјба, дали и колку се збогатиле но и дали имаат скриен имот на туѓи имиња, дали имаат поврзаност со криминални струкури.

Институции и механизми за сите овие проверки, според Фетаи, има но потребан е волја. Реизборот би го вршеле обвинителскиот и судскиот совет, постепено по 1/3 од судиите и обвинитeлите, целосно јавно и транспарентно по принципот на изборот на членови на Антикорупциската комисија.

Предлогот кој Фетаи не го слушна замник министерката за правда Аврамовска Мадиќ која си замина на паузата за што обивнителката и јавно и забележа. Мадиќ не одговори ни на новинарските прашања.

Изборот и унапредувањето на судиите и обвинитлеите и работата на двата совети, беа во фокусот на денешната дебата организирна од Национаната конвенција за Европска унија во Репубика Северна Македонија. Професори и судии анализираа какви промени се потребни за Судскиот совет со месеци кој е во фокусот на јавноста по спорното разршеување на експретседатлеката на Дамева.

Мегу темите кои ги отворија експерите и практичарите се и регулирање на постапката за разршеување на претседател на Судски совет, недостатокот на судии но и воведувањето на кворум за избор на чен на судски совет за да не се случи во иднина некој да биде избран само со сопствениот глас.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *