И Законот за игри на среќа ќе се носи со европско знаменце. Од ВМРО-ДПМНЕ обивнуваат дека вицепремиерот Груби, кој изминатата година има потпишано 4 одлуки за интернет и видео лотарии, сега брза да се донесе закон со кој ќе се прикријат незаконитостите.
“Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконски, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите коишто ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во коишто во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби”, рече Милошоски.
Опозицијата денеска спречи овој закон да се најде на седница на собраниската Комисија за европски прашња. Претседателот на комисијата Арбер Адеми вели законот е од јавен интерес бидејќи ќе забрани отворање на казина во близина на училишта, но не кажа ниту збор за обвинувањата дека законот е бизинис интерес на неговиот сопартиец Груби.
Остра реакција пристигна и од асоцијацијата на спортски обложувалници кои најавуваат масовни протести ако пратениците го донесат Законот за игри на среќа.