Премиерот Димитар Ковачевски во интервју со Сител вели дека изборите ќе бидат регуларни, односно, тие ќе се одржат во 2024 година.
“Но сметаме дека подготовката на програмата треба да биде процес, во кој ќе бидат вклучени покрај партиските комисии и општинските организации, пред се и граѓаните”, рече меѓу другото претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски.
“Со Никола Груевски никогаш не сум имал комуникација. Груевски еднаш го имам видено на отворање на театарот. Бев претставник на компанијата во која во тоа време бев директор и бев определен да одам на отворањето што беше државен настан, така одлучи мојот претпоставен кој не беше од Македонија, но никогаш не сум имал никаква комуникација со бившиот претсецдател на Влада и на ВМРО – ДПМЕ, ниту сметам дека ќе имам комуникација со него”, изјави Ковачевски.