Мицкоски до Спасовски: Или прифати го законот или напушти ја Владата

Предлог-законот за амнестија влезе во Собранието. Владата предлага тој да се носи по скратена постапка, велат од кабинетот на спикерот Талат Џафери и додаваат дека веќе е доставен до пратениците.

Со ова, практично Владата застана зад предогот на Лога, иако јавно на него се спротивстваи министерот за внатрешни Спасовски.

Премиерот Ковачевски денеска рече дека има разбирање за аргументие на сопартиецот, но рече, дека законот е ист како тој во 2018 кој добил консензуална поддршка.

Повтори, дека пратениците на СДСМ ќе предлоат амандман со кој ќе се исклучи можноста за амнестија на одредени лица, меѓу кои и за двајцата осуденици кои се споменуваа во јавноста за случајот Монструм, Хаки и Фејзи Азири.

“Сум разговарал со министерот за внатрешни работи затоа што е дел, исто како што е ВМРО-ДПМНЕ, од носењето ист ваков закон во 2018 година, кога сите го поддржаа. Дури овој закон е порестриктивен од оној во 2018 година. Во зависност од работата која што ја извршуваат, некои од нив имаат емпириски податоци какви ефекти има. Министерот Лога има став во однос на сместувачките капацитети”, изјави Ковачевски.

Извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот со илјадници амандмани, како што најави партискиот лидер Мицкоски, кој за ова вчера разговарал и со целата пратеничка група. Коментирајќи го ставот на Спасовски за амнестијата, тој денеска од Охрид му порача, ако не се согласува, да ја напушти Владата.

“Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува да ја напушти владата, Втората опција е да престане да прави театар и да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму”, изјави Мицкоски.

Пратениците тврдат дека не биле консултирани и не го виделе досега законот. И од опозицијата кои најавија бројни амандмани, тврдат дека не се консултирани, но премиерот ги демантира сите.

Пратеничката Калеска Ванчева во синоќешната Топ тема тврдеше дека не само што не го виделе законот, туку и ставот за тоа како ќе гласаат ќе го градат дополнително.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*