Директорката на Онкологија: Потребни се повеќе финансии за терапии

Недостаток на лекови на Онкологија имало и ќе има, бидејќи немаме доволно пари за набавка на терапии за сите пациенти, чиј број од ден на ден расте, тврди Директорката Виолета Клисарова.

Таа вели, освен ограничениот условен буџет кој не смееме да го надминуваме, брзо ги трошиме количините, зошто терапии даваме и на оние пациенти што не се предвидени однапред, па на добавувачот му требаат неколку дена за нова достава.

Вака го објаснува и последниот недостатокот на терапиите фезго, авестин и херцептин, за кои алармираа пациентите. Клисарова тврди дека пациентите што вчера утрото не добиле фезго, уште попладнето биле повикани на Клиниката за да примат и појаснува дека токму оваа терапија се набавува само за 45 пациенти, а тие ја даваат на тројно повеќе.

Директорката тврди дека повеќе не се набавуваат лекови без одобрение на Фонтот и гарантира дека нема никакви малверзации со терапии. Клисарова посочува дека потребни им се повеќе финансии и оти не станувало збор за лошо менаџирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*