Владата формира работна група за решавање на состојбите во судството и државната управа

Владата на денешната 189-та седнива ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за правда за изнаоѓање решение околу актуелните барања и посочени состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа.

Владата одлучи во рок од седум дена да биде формирана работна група составена од министерот за правда, министерот за финансии, министерот за информатичко општество и администрација и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и претставници од Синдикатот на УПОЗ, заради изнаоѓање решение во врска со барањата и посочените состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа.

Владината одлука следува откако од страна на Министерството за правда е информирано дека на разговори со Синдикатот на УПОЗ е изразена определба од двете страни да се најде заедничко решение, со цел да не се кочи процесот на движење на предмети во судовите и јавните обвинителства.

Владата на денешната седница го разгледала Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со кој членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше.

Биле разгледани превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пришто е изразено очекување за ефикасна примена на мерките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*