Заев се враќа како дел од стратешкиот тим на СДСМ кој работи на евроинтеграциите

Екс премиерот Зоран Заев се врати на Бихаќка- рамо до рамо со неговиот наследник Димитар Ковачевски, насмеани кројат стратешки планови како Македонија да стане дел од ЕУ до 2030 година. Дали Заев повторно се враќа во политиката, неговите сопартијци не соопштија во јавноста. Само преку фејсбук статус, Ковачевски го најави враќањето на Заев во партијата, но како дел од стратешкиот тим кои ќе се погрижи земјава да влезе во ЕУ.

– Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока – да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г.- напиша Ковачевски. Заев не одговори на нашите прашања, но по состанокот се огласи на фејсбук порачувајќи дека мора да го осигураат просперитетот и иднината на државата, без детали дали се враќа во партијата.

Членството во ЕУ сега се чини најдостижно. На тој пат, ние социјалдемократите, имаме државничка одговорност да преземаме храбри и одлучни чекори. Демократскиот блок не исклучува, тој здружува. Тоа е единствената и проверена формула за нов македонски успех. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за фотографиите од состанокот во СДСМ вели, партија која е обединета нема потреба од ваков ПР маркетинг. Во јавноста шпекулации, што значи враќањето на поранешниот премиер во СДСМ со партискиот врв на иста маса. Дали сакаат да покажат дека се обединети, дека нема поделеност во партијата како во ВМРО-ДПМНЕ или нешто друго?

Според дел од аналитичарите, едно од можните сценарија е дека СДСМ сакаат да покажат дека имаат единство во партијата и дека старото раководство на СДСМ и новото се согласуваат, што не е случај кај ВМРО-ДПМНЕ. Во новоформираниот стратешки тим на СДСМ, покрај Заев и Ковачевски, дел е и министерот Оливер Спасовски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, поранешен пратеник и партиски функционер, Игор Ивановски – Шема, шефот на кабинет на премиерот Мартин Попов, како и организациски секретар во СДСМ, Митко Трајчулески. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за фотографиите од состанокот во СДСМ вели, партија која е обединета нема потреба од ваков ПР маркетинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*