Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вели дека и е многу мило што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се занимава со неа во изминатите две години и му посака да продолжи така, бидејќи како што вели, сакајќи да си го подигне својот рејтинг, очигледно работи да го подобри и нејзиниот.
Арсовска го изјави ова по денешната прес-конференцијата за изборот на Скопје за европска престолнина на културата 2028, на прашањето дека Мицкоски на неа и на Никола Груевски им посакал среќа што и да работат.
Што се однесува за прашањето дали со Груевски ќе формираат политичка партија, Арсовска забележа дека е посветена на она што треба да го реализира за Град Скопје, и ако има било какви други одлуки ќе ги повика медиумите и ќе ја извести јавноста. Чиви се цевките, негова е обврската да го поправи мостот.
Со ова објаснување градоначалничката Данела Арсовска одново ја потсети државната ЕСМ што поскоро да ја санира шетата на мостот и да го опреми со нови цевки за парно. Од ЕСМ или ја послушале Аrсовска, или ги прифатиле нејзините правни укажувања па денеска се фатија со работа и донесоа цевки за монтажа.
Арсовска, пак и кога е за убаво и арно нема тоелранција за ЕСМ. Им ги врати камионите затоа што без довола и во среде бел ден развозувале материјали со тешки камиони, спротивно на комуналните правила.
Реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје е веќе отпочната, но наиде на пречки со проектната документација во јули 2021 година, истакна на денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсова.
Токму поради овие пречки, додаде таа, се вклучи и Министерството за култура.
“И оваа постапка како што е во својата фаза во последниот квартал на извршување Министерството треба само да го доврши и понатаму да отпочне новата постапка која што е за средување на внатрешноста на самиот објект. Така што, ова е отпочнат проект, само продолжува со својата реализација и во рамки на динамиката која што беше претходно утврдена верувам дека навреме ќе биде завршен”, вели Арсовска.
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека кога ќе ја добијат целосната документација и одлука од Град Скопје на неа ќе работи тим, којшто веќе е формиран од Одделот за капитални инвестиции и надворешни соработници.