Амнестијата во Македонија: Опозицијата најавува блокада со амандмани

Патот кон излезната капија на затворите ќе биде поплочен со куп хартија. Опозицијата со амандмани ќе ја блокира најавената амнестија.

Фактот што постапката за носење ќе биде скратена, но не и закитена со европско знаменце, дава можност да се поднесат бројни амандмани и на тој начин да се закочи работата во Собранието.

Мицкоски најави дека токму тоа и ќе го сторат, затоа што не сакаат да се ослободат криминалци на кои владејачките партии тоа им го ветиле во замена за услуга. Премиерот не е изненаден од оваа најава.

Со амнестијата се очекува 286 осуденици да бидат целосно ослободени од затворска казна, а 996 да бидат делумно амнестирани. Од министерството за Правда за утре најавија повеќе детали за законот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*