Објавувањето со задоцнување од 10 дена го урна Упатството за изводи со национална припадност.
Уставниот суд смета дека суштинска повреда на Уставот е што министерот за правда Кренар Лога го доставил до архива потпишаното упатство на 29-ти мај а објавено е дури по 17 дена, наместо во рок од една недела.
Поради тоа, поништено е упатството кое овозможи во изводите да се внесе и графата националност. На 5-ти јули по сопствена иницијатива Судот поведе постапка и изрече времена мерка за стопирање на ваквите изводи.
Оние граѓани што ваделе извод во тој кус период од 20-тина дена додека важело Упатството, ќе треба самите да бараат поништување на документот.