Премиерот Димитар Ковачевски денеска вели дека ова се прави заради одговорно и контролирано приредување игри на среќа од страна на државата.
Граѓаните се обложуваат на интернет преку странски платформи. Сега парите ќе останат во земјава, вели тој.
“Дали некој во државата сака да штити нечиј монопол? Бидејќи сега има еден приредувач. Дали е подобро да има еден или да има четири во коишто државата има 51 процент учество? Значи, прашањето до оние коишто коментираат е дали некој штити нечиј монопол”, праша Ковачевски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека јавниот повик за странски партнери на Државната лотарија е штелуван за да го добијат фирми блиски до „бугарската мафија“.
Дали фирмата којашто партнерски ќе работи со владата во македонија е онлајн коцкарницата 8888.Бг од бугарија? Ковачевски рече дека таква фирма со такво име досега не подигнала документација за да учествува во постапката за добивање лиценца.