Вработените во обвинителствата влегоа во штрајк, бараат зголемување на платите

И вработените во обвинителствата од денеска на штрајк- бараат зголемување на платите како функционерите, односно 78% и зголемување на додаток на плата за 35%.

Во сите 28 обвинителства низ земјава вработените нема да си ги извршуваат работните задачи, а исклучок ќе има само за итни работи, предмети за притвор, претрес и неодложливи жалби. Велат нивните барања се праведни и правични.

Просечната плата на вработените во обвинителствата е околу 22 илјади денари. 10% покачување со општиот колективен договор велат не е доволно, а дополнително им се укинати и додадоците. Со овие плати не можеме да преживееме, а не па да живееме, вели претседателката на синдикалната организација на јавните обвинителства. Ќе се жалат и до амбасадорите во ЕУ и САД.

Премиерот Ковачевски вели правосудната власт треба да донесе одлука како да го распредели буџетот меѓу вработените. Согласно општиот колективен договор ќе добијат 10% зголемување на платите, но ќе се разговара за дали може да им се излезе во пресрет. Утре пак судската администрација излегува на протести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*