Соработка на обвинители од Македонија, Косово и Албанија во предистрагата за Онкологија

Предистражната постапка за случајот со Онкологија се прошири во Косово и Албанија. Од обвинителството соопштија дека македонскиот тим обвинители вчера се сретнал со обвинители во Приштина а од косовските органи побарале конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз чија основа беше отворена предистрагата.

Наскоро ваква средба ќе се организира и во обвинителството во Албанија, а во меѓувреме се преземаат мерки поврзани со предистрагата во земјава.

“Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија. По наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување”, велат од обвинителството од каде и потврдија дека го добиле извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат за работата на Клиниката за онкологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*