Законот за амнестија во Македонија: Како изгледа процесот на неговото изработување и усогласување

Министерството за правда соопшти дека предлог законот за амнестија ќе биде доставен до Собранието и дека е предвидена скратена собраниска постапка. Дополнително од министерството за правда тврдат дека овој предлог закон поминал на минатата седница.

„Текстот на законот кој беше усвоен на минатата владина седница беше усогласен и даден на мислење, по што Владата даде зелено светло на денешната седница и ќе биде доставен во Собранието“, се вели во соопштението на Министерството на 26 септември.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска (на 26 септември) изјави дека законот бил разгледуван на претходната седница, на која било одлучено дека треба да биде усогласен со секторот законодавство во деловите за третманот на осуденици во странство, согласно меѓународните конвенции.

„Тоа е направено во меѓувреме. Во текот на наредните два дена, односно 48 часа, министерот за правда, Кренар Лога, ќе има детален брифинг со претставниците на медиумите за овој закон, кој што истовремено ќе биде доставен до Собранието. Што значи дека се работи за спроведена постапка и министерот за правда кој што ги знае сите детали во овој закон и за кој што тој веќе информираше и го имаше доставено на разгледување до пратеничките групи во Собранието пред да биде финално изготвен, ќе има детален брифинг со медиумите“, рече премиерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*