Груби и ДУИ со основањето на нови три казино компании ги внесуваат коцкарниците во нашите домови.
Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити денеска соопшти дека на 11 септември државата објавила одлука и јавен повик за основање нови три казино компании.
Според него, овие казино компании, кои ќе бидат во доминантна државна сопственост, ќе овозможат коцкање на интернет, на телефони, таблети и домашни комјутери.
“Одлуката е одобрена од Владата, со потпис од Артан Груби, човекот кој во сенка стои зад секое казино низ државата. Коцката ќе ни влезе дома. Ако досега требаше да одите во казино, после овие одлуки на Артан Груби и Владата, казиното ќе дојде дома, со само неколку клика на интернет. Зад овие одлуки и бизниси стои ДУИ”, стои Артан Груби.
Скоро и да нема казино компанија во оваа држава во која нема луѓе од најблиското опкружување на Артан Груби. Се ќе се дознае, за се има време.
Клиентелистите во ДУИ предводени од Артан Груби се опседнати со својот сон да станат ологархија, но не со чесна работа или печалбарство, туку со грабеж од државата, а сега и со грабеж директно од парите на граѓаните, рече Меџити, кој беше шридружуван од претседателот на Движењето Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши.
Тој најави дека тие како здружена албанска опозиција остро се спротиставуваат на ширењето на заразата со казината и ќе се борат против тоа.