Законот за амнестија и измените во КЗ на владина седница утре

Законот за амнестија за помали кривични дела, утре на владина седница. Заедно со измените на кривичниот законик е и усогласувањето со европското законодавство.

Нема помилување на поранешни или актуелни функционери, тврди Ковачевски. Појаснува дека со кривичниот закон се утврдува висината на казните како во Германија и Словенија, според 422 основи, а не според општи одредби.

Процедурата е јасна – Законот може да биде потпишан од министер или заменик-министер, вели премиерот, објаснувајќи зошто зад измените во кривичен не застана министерот за правда Лога.

Европската унија се изјасни за употребата на европското знаменце, но како што рече Ковачевски, во законот има коресподентна табела на усогласеност со европското законодавство. Шефот на Владата не ги коментира случувањата во ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека е потребно обединување во однос на европската агенда. Пред нас е вели, одлука за уставните измени и ако тие се донесат до Нова година, Ковачевски убеден дека во февруари Македонија ќе го затвори првиот кластер од преговорите. Забележа дека носењето на стратешките одлуки за државата се тешки, а според Ковачевски, Македонија го имаше најтешкиот пат за зачленувањето во НАТО, а сега и во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*