Груевски: Мицкоски соработува со Заев, дали е уцена во прашање?

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери кои се залагаат за евроинтеграциите на Македонија.

Наспроти оптимизмот на премиерот за двотретинско мнозинство, опозицискиот лидер Мицкоски и од партиски настан вчера повтори дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснила против промена на уставот, а уверува дека партијата е сплотена.

Додека Мицкоски го посочува Груевски како соработник на владејачките партии во обид да ја подели ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени, Груевски со контра напад – дека Мицкоски тајно соработувал со Заев.

“До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е нај корумпираниот политичар, предавник итн. Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање?”, пишува Груевски на фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*