Евроамбасадорот Гир изрази загриженост за состојбата на правосудството во Македонија

За Европската унија сериозна загриженост предизвикуваат случувањата од летото во Судскиот совет, но и начинот на носењето на Кривичниот законик, вели евроамбасадорот Дејвид Гир.

Тој посочува дека иако бил забележан напредок во делот на владеењето на правото, кој е клучен за евроинтегративниот пат на земјава, сепак во одредени области состојбите мора да се подобрат.

Порача без одложување да продолжат реформите во правосудниот систем, според европските стандарди, а политичките партии и бизнисот да престанат да се мешаат во работата на судиите и обвинителите.

“Случувањата во текот на летото во СС и како резултат на тие случувања ние распоредивме тука една мисија составена од колеги која е задолжена да дава препораки за подобрување на интегритетот и професионалноста и да не ја и скекао ја немате проопуштено изјавата од ек во однос на измните на КЗ пред се кривичниот законик со европско знаменце треба да се дискутира”, изјави Дејвид Гир – Евроамбасадор.

На прашање кога може да се очекуваат првичните резултати од мисијата на Европската унија која ја оценува работата на Судскиот совет евроамбасадорот Гир конкретно не одговори, но посочи дека нивните препораки ќе бидат од клучно значење.

„Експертската мисија ја разгледуваат работата на СС со цел да дадат препораки за подобрување на неговата професионалност и ефикасност, мисијата ќе заврши со својата работа оваа недела тие че се вратат потоа во Брисел и за своите наоди тие ќе разговараат во ЕК , не можам да дадам точна дата кога тие препораки ќе излезат во јавнсота но сите ја разбираат потребата овие препораки да излезат во јавноста брзо.“, кажа Гир.

Евроамбасадорот, но и министерите Кренар Лога, Оливер Спасовски и Јованка Тренчевска се обратија на официјалниот настан по повод отпочнувањето на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, кој е дизајниран за ги поддржи иституциите кои работат во полето на правдата, оганизираниот криминал, борба против корупцијуа и промоција и заштита на човековите права.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*