Судиите од Уставниот суд едногласно одлучиле да не покренат постапка за оценување на уставноста по предметот “Договор од Преспа“, а исто така ја отфрлиле и иницијативата за оценување на уставноста на указот со кој е прогласен Законот.
Законот за ратификација на договорот е во согласност со Уставот, а указот не содржи правни норми, појаснува претседателката Кацарска.
Предметот беше формиран од иницијативите поднесени од Тодор Петров, претседател на Светски македонски конгрес, и уште петмина иницијатори. Петров вели судиите се занимаваа повеќе со надлежностите на претседателот наместо со тоа што треба да го разгледуваат како оспорено.
Преспанскиот договор во јуни 2018 година, го потпишаа владите на Македонија и Грција, според кој Република Македонија го менува своето име во Република Северна Македонија.