Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ подготвени за избори и повеќе поддршка од народот

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било пообединето, во изминатите два дена добив огромна поддршка од народот и сега сум убеден дека на следните избори можеме да добиеме 61 пратеник во Собрание, порача опозицискиот лидер Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање за јавната кавга со неговиот претходник Груевски.

Тој вели е подготвен уште утре да се распишат изборите, а тогаш ќе се обелодени каде има единство, а каде не. Првиот човек на ВМРО- ДПМНЕ повтори дека неговите 44 пратеници за уставните измени под овие околности имаат ист став, а за тоа не се присилени туку самите веруваат во исправноста на одлуката.

Превирањата во опозициската партија за СДСМ значат распад на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*