Два предмета на скопското јавно обвинителство деновиве запреле во Кривичниот суд поради измените на кривичниот законик.
Според информациите од обвинителството, двата се воделе за ставот три од кривичното дело злоупотреба на службената положба кој до сега предвидуваше казна затвор од најмалку 3 години до максимални 20 а со измените највисоката казна е до 4 години.
Оваа измена придонесе неколкукратно да се скрати периодот на застарување, па со новата состојаба овие предмети се веќе одамна застарени за гонење.
Сеуште нема запрен предмет на Обвинителството за организиран криминал под чија надлежност е Ставот 5, кој се однесува на јавните набавки а кој беше избришан.