Работната верзија на текстот на предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, која изминатиов месец ја подготвуваше работната група предводена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ќе се достави до Европската Унија и Венецијанската комисија.
По добиените мислења, предлог законското решение ќе биде разгледувано на јавна расправа пред пошироката јавност, со цел да се донесе функционален и применлив закон, усогласен со меѓународните стандарди.
На денешниот состанок на работната група, покрај вицепремиерката Славица Грковска, присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога. И двајцата се согласни дека овој закон е неопходен за да се зајакне борбата против корупцијата во нашата држава.
Со законот ќе се овозможи воспоставување на дополнителен механизам за успешно спречување на неосновано збогатување и конфискација на имот кој не бил стекнат од законски извори.