Мицкоски и Груевски во јавен спор: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одбива дијалог преку медиуми

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски ја продолжи борбата со поранешниот лидер на партијата Груевски, кој избега и е во азил во Будимпешта.

Груевски вчера реагираше на интервјуто на Мицоски дадено за германскиот весник ФАЦ, во кое вели дека Груевски со актуелната власт е во „валкан дил“, и во тајни преговори за да ја подели партијата.

Бегалецот Груевски преку фејсбук му порача на Мицкоски јавно да му приложи докази дека прифатил „валкана игра“ со власта.

На ова Мицкоски исто така преку фејсбук му одговори:

“Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин: Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да за спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018та, ова е друго време.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*