Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието денеска на прес-конференција изјави дека власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговарала амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека „измените во Кривичниот законик не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата, и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски“.
„Измените во Кривичниот законик ги договарале СДСМ, ДУИ и лица од помали политички партии кои сакаат поделби во опозицијата. Оваа констатација, намерно или случајно, јавно ја кажа и Али Ахмети во едно интервју. Во изјавата Ахмети беше потенцирано дека ВМРО- ДПМНЕ на чело со Мицкоски, ниту преговарало за измените во кривичниот законик, ниту се согласило дека е против измените во кривичниот законик и исто така е против менувањето на уставот под бугарски диктат“ порача Милошоски.
Тој смета дека „со оваа акција на СДСМ и ДУИ целта им е да се амнестиираат двајца поранешни премиери, а од друга страна менуваат правосудни закони кои би создале лична корист и заштита на актуелните функционери на СДСМ и ДУИ“.
„Агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели. Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени“ потенцираше пратеникот.