Маските се враќаат како задолжителна мера во болниците и амбулантите

Нема препорачана изолација за позитивните ама маските повторно се враќаат како задолжителна мерка. Ќе важи само за во болниците и амбулантите.

“Не препорачуваме да се издаваат решенија за забрана за движење. Напротив, ова ќе го третираме како секоја друга болест којашто е ендемска, како што е грипот“ вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на комисијата за заразни болести.

Според Комисијата, јасно е дека бројот на луѓе кои прават тестови за КОВИД е значително помал во споредба со ситуацијата минатата година. Во август 2022 година имало над 12.000 случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*