Албанските опозициски партии поднесоа пријава за корупција во врска со ДУИ и компанијата ЕУРОВИА

Албанските опозициски партии Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење поднесоа пријава за сомневање за корупција и конфликт на интереси до Државната комисија за спречување на корупција во врска со односите помеѓу Демократската Унија за Интеграција со компанијата ЕУРОВИА.

“Основа на оваа пријава е нашето сомневање дека има корупција и конфликт на интереси во односите помеѓу Демократската Унија за Интеграција со компанијата ЕУРОВИА, која се појавува и како донатор на оваа партија, но, исто така, и како подизведувач во градежните активности во рамките на Коридорот 8”, соопштија партиите.

Нивното сомневање е дека во овој случај се врши перење на пари и се реализира бизнис со оваа компанија.

За информација на јавноста, оваа компанија е главен донатор на ДУИ, давајќи и на оваа партија околу 70.000 евра само во 2022 година. Од друга страна, токму оваа компанија преземал тендер вреден 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи, која се раководи од кадар на ДУИ – Бујар Османи, додека истата се појавува и како подизведувач во Коридорот 8, каде како координатор на проектот од владата е назначен е првиот вицепремиер, исто така кадар на ДУИ Артан Груби, велат оттаму.

Партиите очекуваат ДКСК да ги потврди нивните сомневања со што потоа би го пријавиле случајот во повисоки правни инстанции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*