Средба на претседателот Пендаровски со Канцеларот на Германија, Олаф Шолц

Претседателот Стево Пендровски, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска во Њујорк оствари средба со Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

На средбата беше разговарано за билатералната соработка меѓу Македонија и Германија, европската перспектива на земјава и актуелните случувања во регионот, при што претседателот Пендаровски информираше за текот на пристапните преговори на земјава со Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за досегашната принципиелна поддршка и посветеност од Германија како еден од нашите најблиски сојузници и изрази очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во процесот на пристапните преговори, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*