Состаноците за измените на законот се одржувале тајно во Клубот на пратеници

Лидерот на ДУИ Али Ахмети нема одговор зошто сега и без широка дебата се менува кривичниот законик, но затоа открива дека за измените уште пред неколку години тајно се договарал со поранешните лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Груевски.

Во интервју за ТВ21 вели дека состаноците ги одржувале во Клубот на пратеници, а дебатата се водела и во последните три години, но на крај Ахмети вели дека ја напуштил актуелниот претседател на опозициската партија Христијан Мицкоски.

“Првично не се согласуваше Зоран Заев и потоа кога договоривме да се укине договорот со СДСМ затоа што СДСМ првично се повлече, кога се договоривме со СДСМ тогаш се повлече ВМРО-ДПМНЕ. Се повлече Христијан Мицкоски од измената на кривичниот законик и ова беше големо изненадување”, изјави Али Ахмети – претседател на ДУИ Ахмети вели не се работи за амнестија на функционери, а ги отфрла и шпекулациите дека постои некаков политички пазар со ВМРО-ДПМНЕ за измените на Кривичниот законик, кои се поврзуваат со опозициски гласови за промена на уставот.

“Нема никаков договор со ВМРО да се изгласаат устани измени. ВМРО јавно го искажа својот став дека нема да ги изгласа уставните измени под бугарски диктат”, рече Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*