Очекувања за завршница во истрагата за скандалот со онкологијата во Македонија

Министерството за здравство води неколку истраги за можни злоупотреби на правата на пациентите во повеќе здравствени установи.

Со собрани докази, предметите ќе се испратат во Обвинителство – вели, фокусот е ставен на системот „Мој термин“, наводно, пациенти им давале пари на хирурзи за да им закажат операции за кои со упат немало место. Министерот Меџити дециден – компромис со корупцијата нема да има.

„Овие гласни коментари на пациентите стигнуваат и до мене и како лекар никогаш не сум сакал да верувам во нив, но сега како министер одговорен сум на ресорот. Мораме до крај да ги истражиме работите и еднаш засекогаш. Здравството во Македонија да го ставиме на вистинска насока и на вистинскиот пат. Бескомпромисно нема да поштедиме никого, ќе работиме и тоа што ќе го докажеме ќе го санкционираме до крај“, изјави Фатмир Меџити – министер за здравство.

Сè уште не се откриваат детали за скандалот со онкологија. Јавноста упорно бара да се открие кој си поиграл со судбината на пациентите. и Меџити вели очекува завршница по која би се вратила довербата во здравствениот систем. Сепак, за сомнеж примателите на терапиите ги препрати да дадат информации во обвинителството.

„Обвинителството е најтранспарентно досега, никогаш немало ваков пример, работи многу отворено со пациентите, со фамилиите на пациентите, со сите што имаат аргументирани информации. Очекувам што побрзо да се стави крај на оваа неизвесност“, рече Фатмир Меџити – министер за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*