Кој ги користел шпионските системи Пегасус и Предатор во Македонија слушнаа само пратениците со безбедносен сертификат во Комисијата за надзор на АНБ и Агенцијата за разузнавање…
Под знак на строго доверливо, безбедносните служби доставиле изнформации за скандалот со неовластено следење на комуникации, но според опозицијата тие не се демант за нивните обвинувања дека државата свесно дозволила во Македонија да се произведуваат и користат за следење на граѓаните.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Николовски тврди дека и функционери на опозицијата физички биле следени од безбедносни структури. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ќе бара декласифицирање на податоците, за јавноста да дознае дали институции, политички партии или физички лица ги користат како што велат овие малициозни системи.
А опозицијата тврди дека токму разузнавачките служби се тие кои му давале информации на шефот на државата Пендаровски, откако тој во интервју посочи дека бил консултиран за амнестирање на екс премиерот Груевски. Николовски е дециден дека никој од партијата не барал ничија амнестија.