
Бугарската шефица на дипломатијата уверува дека Софија ќе го подржи патот на Македонија кон ЕУ, доколку земјава ги исполни преземените обврски.
Министерката Марија Габриел иако не одговори директно на прашањето дали Македонија ќе се одвои од Албанија во евроинтегративниот процес ако не се промени уставот, порача дека за Бугарија освен оваа има уште две обврски
“Сакам да верувам дека ќе биде направено се што е возможно. Но да не заборавиме дека уставните измени не се единствените до кои Бугарија се држи. Зборуваме и за компромисот од јули 2022 година и во него има три елементи кои се со еднаква важност – уставните измени, Договорот за добрососедство и двата протоколи. Ние ќе направиме се што е возможно и како што правевме и досега да ја поддржиме Р. Македонија на патот кон европската интеграција, но мислам дека е навистина многу важно во овој момент, што беше кажано и денес, ако навистина сакаш да си дел од ЕУ, тоа значи и одговорност и исполнети обврски и споделена визија за тоа во каква насока се движиме.” – Марија Габриел – Министер за надворешни работи на Р. Бугарија