Македонија прогласи тројца руски дипломати за ‘персона нон грата’

Од МНР потврдуваат дека тројца руски дипломати во земјава биле прогласени за „персона нон грата“.

На 12-ти септември во Министерството бил повикан рускиот амбасадор во земјава и му била врачена дипломатска нота со која тројца дипломати во руската амбасада биле прогласени за непожелни во земјава.

Од МНР велат, ваквата одлука е донесена по добиените информации од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. За Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни е „неодговорен и непријателски чин“ и најавува дека нема да остане без одговор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*