Закон за амнестија: Само 10% од осудените ќе бидат опфатени

Предложениот Закон за амнестија ќе опфати само 10 проценти од осудените. Податоците на Управата за извршување на санкции покажуваат дека од вкупно 2.345 затвореници, на слобода ќе излезат околу 250 луѓе кои се огрешиле пред законот.

Министерството за правда појаснува дека целта на овој закон е да се растоварат затворите, кои во моментов се преполни, а што земјава е постојано мета на критики во многуте меѓународни извештаи, како и од Комитетот против тортура на Советот на Европа.

Се новиот предлог-закон е предвидено, оние кои се со затворски казни до шест месеци целосно да се ослободат, а оние кои се осудени за полесни дела и отслужуваат казна над шест месеци, казните да им се намалат за 30 проценти. Но, Законот нема да ги опфати луѓето кои се осудени на доживотен затвор, за убиство, кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право.

Нема да опфатени ниту осудените за 27 април. Со Законот за амнестија ќе се намали товарот во пренатрупаните затвори и ќе се зголеми ефикасноста во работењето-вака премиерот Ковачевски го образложува предложеното решение од правда. Тоа што опозициската ВМРО- ДПМНЕ не дава поддршка, според Ковачевски тоа се блокади без аргументи.

Демократското движење велат дека засега не го виделе Законот за амнестија, но според нивните сознанија, има сомнежи дека не се работи само за растоварување на затворскиот систем. Опозицијата најави блокада на решението. Се очекува новиот предлог-закон идната недела да се најде на владина седница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*