Група пратеници од Алтернатива, Беса и Демократско движење доставија интерпелација за јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Причина е судскиот предмет за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.
Бараат пред собранието и пред нардот да ја објасни својата улога во овој случај, по сомнежите дека обвинителството криело факти и информации во целата постапка за да заштити одредени политичари. Предлогот добива поддрша и од ВМРО-ДПМНЕ.