![](https://www.mktoday.mk/wp-content/uploads/2023/08/Mickoski.jpg)
По информациите дека еден од подизведувачите што ќе работат на изградбата на автопатите е и фирмата Еуровиа, која се појавува како донатор на ДУИ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, најави дека по изборите ќе бараат одговорност за секој потрошен денар.
“Неколку пати почнува таа изградба, ќе видиме како ќе се развива. Но, она што е важно да се каже е дека секогаш кога Демократската унија за интеграција е фатена во криминал или во процес за кој што постои основано сомневање за криминал, тие тогаш се обидуваат да ја спинуваат целата таа процесна активност и да велат дека тоа е поради етничката припадност”, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.