Вицепремиерката Грковска: “Има прекршувања на законот и треба да има одговорност.”

„Има прекршувања на законот и треба да има одговорност“, оценува вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење Грковска за случајот со вратените пари на донаторот на ДУИ – „Еуровиа“.

Тaa очекува Државната комисија за спречување корупција да утврди дали имало тргување преку влијание и најавува дека ќе се бара одговорност за ненавремените контроли во случајот со задоцнетиот рок за враќањето пари наменети за партијата.

Се огласија антикорупционерите. Велат отворен е предмет за случајот за „Еуровиа“ и тендерот вреден 1,8 милиони евра што го имаат добиено за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Кога ќе бидат готови наодите, институциите и јавноста ќе бидат информирани.

„Анализата е во тек. По доставување документација за набавката од страна на Министерството за надворешни работи на целокупната отворен е предмет, веќе е распределен кај членовите на ДКСК и се работи на случајот“, велат од Антикорупциската комисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*