Предложен закон за амнестија со 8 додадени кривични дела

Со 8 додадени кривични дела, Правда го објави предлог законот за амнестија кој во Собранието ќе оди по скратена постапка. Од затвор излегуваат сите осудени до 6 месеци, оние со казни над 6 месеци ќе добијат за 30% намалени казни затвор.

Покрај за лица осудени на доживотен затвор, осудени за убиство, силување, за кривични дела против избори, против државата, јавниот ред и мир, злоупотреба на функции и несовесно работење и за семејно и родово базирано насилство, амнестијата нема да важи ниту за разбоништво, измами на штета на средства на Европската унија, перење пари, примање и давање поткуп.

Законот нема да важи ниту за избрани и именувани лица, лица кои се бараат со потерница, оние кои биле амнестирани со претходниот закон од пред 5 години и за дела сторени по 1 септември.

Од правда појаснуваат дека целта е да се реши пренатрупаноста во затворите и очекуваат поддршка од сите пратеници бидејќи велат дека со законот биле запознаени координаторите на сите пратенички групи. Законот за амнестија се очекува да биде усвен на следната владина седница во вторник, по што ќе се препрати во законодавниот дом.

Скратената постапка во Собранието ќе значи дека законот ќе оди директно на второ читање во матичната собраниска комисија, но без рокови за аманманската расправа. Проценките се дека законот за амнестија ќе ослободи близу 1500 лица од над 2400 кои во моментов издржуваат затворски казни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*