ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот за амнестија не одговара на потребите и очекувањата на граѓаните

Наместо владеење на правото, со Ковачевски имаме владеење на криминалот, неказнивоста на владините функционери е императив на неговата работа, а реформи не само што нема на повидок, туку Македонија назадува, го коментираат во опозициската ВМРО-ДПМНЕ премиерот Ковачевски.

Според Мицкоски партијата веќе неколку месеци ги прекинала сите видови на комуникација со владата. Немаат учество ниту во измените во Кривичниот законик, ниту во Законот за амнестија.

„Ниту има, ниту пак ќе има официјална или неофицијална комуникација со оваа влада, ниту пак имаме каква било точка или запирка или додадена вредност на тој закон што е предложен и од вчера достапен за јавноста. Тој закон е за амнестија на криминалци кои во минатото даваа ветување дека ќе ги ослободат делумно или целосно. Таквиот закон не одговара ниту на потребите ниту на очекувањата на граѓаните“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*