
Злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е мега криминал со смртни последици, злосторничко здружување за кражба на лекови од пациенти со канцер за продажба на црно.
И сега кога грозоморниот скандал изби во јавноста, актуелниот министер, пулен на Таравари, повторно нема одговор зошто КАТО системот е исклучен од употреба, што доведува до логичен заклучок дека тоа е сторено за да може непречено да се спроведува криминалот со смртни последици!
“Злоупотребата на цитостатици и терапија на Клиниката е мега-криминал со смртни последици, злосторничко здружување за крадење лекови од болни од рак со цел тие лекови да се продаваат нелегално. Тоа е невозможно без политичка поддршка и обезбедена неказнивост. Клиниката за онкологија е единствената клиника во светот која има CATO систем за контрола на терапии кој не го користеле шест години. Системот беше исклучен во 2017 година, кога СДС дојде на власт и кога тогашниот нов министер за здравство Арбен Таравари назначи раководител на Клиника.” – најави Стоилковски.